Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,829% и кај мазутот зголемувањето е за 5,973%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 33,885 ден/кг.
Од 3.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,885 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.2.2025 година.
Актуелно
- Лоши вести за возачите: Нафтата поскапува
- Скопје чекори кон 2028: Објавен првиот голем конкурс за проекти за Европската престолнина на културата
- Тешка сообраќајка на патот Прилеп- Македонски Брод: Тешко повередени седумгодишно и деветгодишно дете
- Мито од 50.000 евра за ИПАРД фондови: ОЈО поднесе обвинение против бизнисмен и функционери од Агенцијата за плаќања
- Муцунски во Дубаи на Самитот на влади: Македонија меѓу светските лидери за обликување на иднината
- Полицијата со полни раце работа: Казнети над 16.000 лица низ цела Македонија
- Паднаа двајца кумановски дилери
- Трендафилов: Денеска паднаа маските, Владата не дојде да потпише минималец од 600 евра

