Close Menu
    Најново

    Министерката Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката

    24.01.2026 во 11:46

    Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик

    24.01.2026 во 11:32

    Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

    24.01.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Министерката Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
    • Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик
    • Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
    • Вреди: Фазлиу ги модернизира Матичните Книги, основните документи сега се преземаат онлајн
    • МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност
    • Голема зимска бура ја зафаќа Америка: Снег и арктички студ од запад до исток
    • Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
    • Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува 
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Министерката Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката

    Министерката Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката

    24.01.2026 во 11:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен предуслов за успех.

    „Енергетиката е ’рбетот на државата, а жените се нејзиниот неискористен интелектуален мотор. Ако исклучиме половина од човечкиот потенцијал, ние веќе сме во енергетски дефицит“, порача Божиновска. Таа нагласи дека нов систем не може да се изгради со стар менталитет и дека одржливата енергетска транзиција бара жени таму каде што се носат одлуките, се водат проектите и се распределуваат ресурсите.

    Министерката потсети дека енергетскиот сектор глобално поминува низ најдлабоката трансформација во својата историја – од декарбонизација и дигитализација, до интеграција на обновливи извори и паметни мрежи – процеси кои бараат нови вештини, аналитичност, иновативност и флексибилност, токму оние квалитети каде жените можат и треба да имаат водечка улога. Како значаен показател за напредокот, Божиновска посочи дека за првпат во 2024 година капацитетот на соларната енергија во земјава го надмина оној на хидроенергијата, што претставува огромен успех за зелената агенда, но и сериозен инженерски и менаџерски предизвик за дистрибутивната мрежа.

    „Модерната енергетика бара лидерство што знае да води промена и култура што знае да задржи талент. Различноста не е прашање на правичност, туку предуслов за прагматични и издржливи решенија“, истакна таа. Министерката се осврна и на постојните бариери за напредок на жените во секторот, посочувајќи дека тие не се резултат на недостиг на самодоверба, туку на застарени корпоративни модели и нефлексибилни системи што не ги препознаваат и вреднуваат нивните лидерски вештини.

    Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат

    Популарно

    Оваа реченица ѝ го скрши срцето на Викторија: Дејвид Бекам и таа беа најмногу повредени од еден дел од писмото на синот Бруклин

    23.01.2026 во 23:20

    Борче Марковски пуштен од притвор, битолскиот Суд ја објаснува одлуката

    23.01.2026 во 23:08

    Падна полицаец – го фатиле во див лов,пукал во забранета зона со уште двајца другари

    23.01.2026 во 12:18

    Спречена катастрофа во Скопје: Избувна пожар кај Тутунски комбинат – тим од 10 пожарникари на терен

    23.01.2026 во 16:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.