Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова до австриските амбасадори: Билатералните прашања не смеат да бидат кочница за ЕУ

    13.03.2026 во 12:42

    СДСМ: Назначувањето на Куковски е дел од „бизнис шемата“ на Мицкоски во енергетиката

    13.03.2026 во 12:35

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова до австриските амбасадори: Билатералните прашања не смеат да бидат кочница за ЕУ
    • СДСМ: Назначувањето на Куковски е дел од „бизнис шемата“ на Мицкоски во енергетиката
    • Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници
    • Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион
    • Јаневска децидна: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции
    • Хорор ја потресе Македонија: Средношколец се заканувал со бомби и убиства, полицијата му упадна во домот
    • (ФОТО) По две децении Серава добива нов лик: Почна чистењето на коритото и изградба на пешачка патека
    • (ФОТО) Инклузија на дело во Кисела Вода: Деца со церебрална парализа заедно со градоначалничката садеа цвеќе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од полноќ нови цени на горивата

    Од полноќ нови цени на горивата

    20.01.2026 во 17:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.

    Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар. Со тоа, новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 66 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,854 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,987 денари.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,109 отсто, кај дизелот за 5,194, кај екстра лесното масло за 4,462 и кај мазутот зза 3,846 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,2303 отсто.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.