Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битола: Сакал да ја убие баба му – ја затворил во соба и ја тепал додека не се онесвестила

    Битола: Сакал да ја убие баба му – ја затворил во соба и ја тепал додека не се онесвестила

    19.01.2026 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека сторил обид за убиство при семејно насилство, согласно член 123 став 2 точка 2, во врска со член 19 од Кривичниот законик.

    Според обвинителството, на 17 јануари, во домот на улицата „Лавчанска корија“, каде што заеднички живееле, осомничениот се обидел да ја лиши од живот својата баба. Претходно ја блокирал и затворил влезната врата од куќата со фиока, по што со рацете ја удирал по главата и телото сè додека таа не паднала во бессознание.

    Со нападот ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди, вклучувајќи крварења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски, со што сериозно бил загрозен нејзиниот живот. По настанот, осомничениот избегал, но за кратко време бил пронајден и приведен.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на кривично дело.

    Во соопштението се наведува и дека исказите на дел од сведоците укажуваат на неодамнешни промени во однесувањето и психичката состојба на осомничениот, поради што постои сомневање дека тој можеби боледува од душевна болест. Врз основа на стручно мислење, обвинителството предложило по определување на притвор, судот со посебно решение да го упати осомничениот на медицинска опсервација и психијатриско вештачење во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, во траење од најмалку еден месец.

    Прочитај повеќе

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19

    35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца

    19.09.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.