Close Menu
    Најново

    30-дневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

    16.01.2026 во 18:50

    Нелегално снимал и вознемирувал млада девојка: 57-годишник заврши зад решетки

    16.01.2026 во 18:31

    Прилеп: Еднa женa меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици

    16.01.2026 во 18:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 30-дневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет
    • Нелегално снимал и вознемирувал млада девојка: 57-годишник заврши зад решетки
    • Прилеп: Еднa женa меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици
    • Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
    • Надзорот заврши: Обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта на доенчето во Кавадарци
    • Падна Х
    • Гренланд во фокусот: Трамп отвори нова криза во односите со НАТО
    • Мексико и САД во интензивни разговори за безбедноста и граничните закани
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » 30-дневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

    30-дневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

    16.01.2026 во 18:50
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кривичниот суд Скопје им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осум лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи (УЈП), која се спроведува поради сомнение за сериозни злоупотреби и оштетување на државниот буџет.

    Како што информираат од Судот, по завршениот распит на осомничените и по нивното произнесување, судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Јавното обвинителство, оценувајќи дека се исполнети сите законски основи за определување притвор – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик осомничените да го довршат или повторат кривичното дело.

    Акцијата опфати претреси на 16 локации низ државата, а под истрага се вкупно 20 лица. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истрагата е покрената по известување од Агенцијата за национална безбедност, а во неа биле вклучени и полицијата и Управата за финансиско разузнавање.

    За време на претресите биле одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и фалсификувани печати на правни лица, додека осомничените лица биле обезбедени.

    Популарно

    Подгответе се за екстремно ладно време: По 20-ти јануари нè чека „Сибирска експлозија“ со -25 степени

    16.01.2026 во 10:00

    Важна информација од ЈСП до граѓаните

    16.01.2026 во 14:14

    ЈСП со важна информација за пензионерите и студентите – бесплатните билети ќе бидат автоматски блокирани

    15.01.2026 во 14:18

    ЕВН најави исклучувања – ќе нема струја до 15:30 часот

    15.01.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.