Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Една фирма „собрала“ 78% од парите за новогодишно украсување во Македонија – Еве која македонска општина потроши најмногу пари за украсување

    Една фирма „собрала“ 78% од парите за новогодишно украсување во Македонија – Еве која македонска општина потроши најмногу пари за украсување

    14.01.2026 во 12:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општините во земјава потрошиле вкупно 785.000 евра за новогодишно украсување, а речиси целата сума завршила на сметката на една иста фирма. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации открива дека скопската фирма „Линк Медиа Плус“ доминира на пазарот, добивајќи 78% од вредноста на сите тендери во државата.

    Најмногу пари за светилки потрошила Општина Штип – рекордни 81.000 евра, со што се најде пред Градот Скопје кој за истата намена одвоил околу 69.500 евра. Интересен е податокот дека Штип потрошил по 111 денари по жител, додека Скопје само 8 денари. Кога на сумата на Град Скопје ќе се додадат и шесте скопски општини (Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош), излегува дека во метрополата за украсување се „стопиле“ над 284.000 евра – сите кај истата фирма.

    Истражувањето алармира за сериозно отсуство на конкуренција. На дури 81% од тендерите учествувала само по една фирма. „Просечниот број понуди изнесува само 1,15, што е далеку под минимумот за пазарна конкуренција“, стои во извештајот. Дополнително, 94% од договорите се потпишани во декември, на само две недели пред Нова година, што според Центарот, ги фаворизира фирмите кои веќе ја имаат опремата на располагање.

    Прочитај повеќе

    Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

    25.08.2026 во 22:26

    OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит

    25.08.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.