Close Menu
    Најново

    Тешко се уморува: Цели 4 ипол часа Путин одговараше на новинарски прашања

    19.12.2025 во 20:39

    Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

    19.12.2025 во 20:25

    Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа

    19.12.2025 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тешко се уморува: Цели 4 ипол часа Путин одговараше на новинарски прашања
    • Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети
    • Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа
    • „Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон
    • Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
    • Приведени двајца мажи, биле агресивни и нападнале полицајци
    • Хорор во метро Тајван: Со еден нож – тројца убиени, петмина повредени
    • Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Обвинение и куќен притвор за директорот на Комунална хигиена за полните контејнери низ Скопје

    Обвинение и куќен притвор за директорот на Комунална хигиена за полните контејнери низ Скопје

    18.12.2025 во 11:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, по член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

    Според обвинителството, во текот на октомври годинава, обвинетите со пропуштање на вршење надзор над собирањето, транспортот и управувањето со отпадот, создале ризик од значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето и уништување на растителниот и животинскиот свет во поголеми размери.

    Првиот обвинет, вршител на должноста директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, постапувал спротивно на Статутот на претпријатието и на Законот за комунални дејности, не ги спроведувал одлуките и заклучоците на Управниот одбор и не обезбедил соодветни мерки за заштита на животната средина. Како давател на комунални услуги, не ја извршувал дејноста континуирано и квалитетно, ниту се грижел за функционалноста и исправноста на опремата и објектите.

    Заедно со вториот обвинет, управител за отпад – подгрупа 5, кој имал положен стручен испит за управување со отпад, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и Законот за управување со отпад, не преземајќи мерки и активности за спроведување на плановите и програмите за управување со комуналниот отпад на подрачјето на Град Скопје.

    Обвинителството наведува дека поради нередовно собирање и транспортирање на отпадот и непобарана измена на оперативните планови, било овозможено создавање диви депонии на јавни и сообраќајни површини, со одлагање отпад во непосредна близина на садовите за собирање.

    Со оглед дека доказната постапка е завршена и дека обвинетите повеќе не можат да влијаат на истрагата, јавниот обвинител предложи мерката притвор да им биде заменета со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во судот и привремено одземање на патните исправи. За обвинетиот управител со отпад, кој сè уште е вработен во претпријатието, е предложена и дополнителна мерка – привремено отстранување од работното место и забрана за вршење работни активности поврзани со делото.

    Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити беа приведени кон крајот на октомври.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања во оваа општина

    19.12.2025 во 09:08

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Мега полициска акција: Паднаа 33 лица и две правни лица – местеле тендери во „ЕСМ Дистрибуција“

    19.12.2025 во 12:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.