Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Таман украсија, вандали исекле сијалички и уништиле садници: Градоначалникот се налути и се огласи на Фејсбук

    Таман украсија, вандали исекле сијалички и уништиле садници: Градоначалникот се налути и се огласи на Фејсбук

    10.12.2025 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во изминатите денови сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види: исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема во централното градско подрачје. Овие девијантни однесувања не се само вандализам, туку директен удар врз заедничкото добро, врз трудот и вложувањето на Општина Штип и врз сликата на нашиот град.

    Како градоначалник, остро реагирам и упатувам апел до СВР Штип за преземање соодветни мерки и санкции кон сите кои свесно го нарушуваат јавниот ред и имот. Таквото однесување не само што ја загрозува безбедноста, туку ја понижува заедницата која секојдневно се труди да гради поубав и поуреден Штип, пишува на ФБ градоначалникот на Штип, Јорданов.

    Во исто време, упатувам и искрена молба до сите граѓани: нашиот град може да биде онаков каков што го посакуваме само ако секој од нас покаже свест, грижа и одговорност. Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор, да ги заштитиме инвестициите и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме.

    Да бидеме внимателни, да реагираме кога ќе видиме уништување и да покажеме дека Штип знае да се грижи за она што е заедничко. Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме!, стои во објавата на градоначалникот на ФБ.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.