Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Со Мицкоски нема иднина

    Филипче: Со Мицкоски нема иднина

    17.10.2025 во 20:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Мицкоски ма апсолутна власт, централна, локална се е под контрола негова, а покажува историска неодговорност. Оваа Влада е историски најлоша влада од независната до денеска и тоа се виде само за една и пол година. Влада без ниту едно реализирано ветување, без план, без резултат. Влада на порази и понижувања,“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашниот митинг во Крива Паланка.

    Филипче остро ја критикуваше политиката на премиерот, потсетувајќи дека сите негови големи ветувања останале само празни зборови во ушите на граѓаните.

    „Каде е „нова иднина“ што ја ветуваше Мицкоски пред четири години или пред година ипол? Каде се поголемите плати, економскиот тигар, каде е редот, правдата? Ништо нема од неговите ветувања. Каде се подобрите позиции, новата преговарачка рамка, гордоста, достоинството? Дали историски највисоките цени се „новата иднина“? Или најниската минимална плата, пониска дури и од соседна Албанија, е „новата иднина“? Дали инфлацијата, сиромаштијата и задолжувањата до седмо колено се „новата иднина“? Дали најниските капитални инвестиции и запрените странски инвестиции се новата иднина? Или уништеното земјоделство со родот кој скапува по нивните се иднината што ја ветуваше? Дали заглавениот европски пат е новата иднина? Не почитувани. Со Мицкоски немаме иднина!“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ исто така истакна дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја киднапирале кампањата, сеејќи поделби, напаѓајќи го СДСМ и оцрнувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче затоа што немаат ниту еден резултат зад себе.


    „Нема ниту еден резултат да излезе пред граѓаните и да го соопшти. И нема поголемо признание за катастрофалните политики на оваа Власт од неговото однесување за време на оваа кампања“, порача Филипче.


    Притоа тој рече дека Македонија има потреба од промени, стабилност и вистинска визија за иднината и тоа е барање на граѓаните.


    „На Македонија ѝ се потребни промени. На Македонија ѝ треба правда, ред, почит и сигурна иднина. На македонските работници им се потребни достоинствени плати за нормален живот, на младите нова шанса, на пензионерите мирна старост, а на земјоделците фер откуп и ценење на нивниот труд,“ порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.