Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња

    Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња

    16.10.2025 во 21:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина „Гази Баба“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дел од реализираните проекти во изминатиот четиригодишен мандат.

    „Во изминативе четири години направивме многу. Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба, изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација, градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари, изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а градиме нова сала и во Црешево, градиме нова училишна зграда за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме Домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и заборавен. Инвестираме и во спортот, животната средина, и социјалната заштита“, рече Стефковски.

    Стефковски наброи дел од проектите на изборната програма.

    „Во програмата се испишани реални проекти кои ќе го продолжат развојот во сите населени места низ општина Гази Баба. Во следните четири години: Ќе изградиме нови детски градинки во Керамидница, Хиподром 2 и Сингелиќ, ќе го реализираме проектот нула комуналии за изградба на куќи за млади брачни парови до 29 години, ќе изградиме училишни спортски сали во Железара, Сингелиќ, Страчинци и Ченто, ќе ги субвенционираме граѓаните за изградба на енергетско ефикасни фасади на зградите, ќе изградиме катни гаражи во Автокоманда и во Ченто, ќе отвориме дневен центар за деца и лица со попреченост, ќе изградиме затворен базен во Автокоманда, ќе ги реконструираме поголемите локални сообраќајници низ општината како што се Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка, Финска и Трајко Китанчев во Ченто, Пехчевска во Хиподром и многу други улици, ќе изградиме клучка кај Хиподром и ќе направиме комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102, овие проекти ќе ги реализираме во соработка со Јавното претпријатие за Државни патишта, ќе изградиме 40 нови детски забавни катчиња, насекаде низ Гази Баба, ќе изградиме два адреналински паркови. Во мојот втор мандат Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци и Ергеле ќе добијат фекална канализација, а комплетно ќе ја завршиме започнатата изградба на фекална канализација во Јурумлери, Идризово и Дрма, Чукур Маало и Гоце Делчев“, истакна Стефковски.

    На крај, Стефковски ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9 за работа, сигурност и развој на општината.

    „Да излезете и да ја направите вистинската разлика. Не само за мене, туку за себе, за вашите деца, за иднината на Гази Баба. Да го заокружите бројот 9, затоа што тоа значи работа, сигурност и развој. Јас дадената доверба ќе ја оправдам со уште повеќе труд, уште поголема одговорност и уште поголема љубов кон овој народ“, дециден е Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места

    30.10.2026 во 18:05

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.