Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот збор се исполнува

    Стефковски: Кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот збор се исполнува

    16.10.2025 во 20:54Updated:16.10.2025 во 21:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Гази Баба се обрати кандидатот за градоначалник Бобан Стефковски.

    -Со огромна чест и длабока благодарност стојам денеска пред вас не само како кандидат за градоначалник за втор мандат туку како ваш пријател, ваша сосед и човек што ја дели истата љувоц за нашата Гази Баба. Вие граќаните ми ја дадовте довербата пред четири години, доверба што за мене беше голема обврска да работам, чесно, одговорно и домаќински, да бидам глас на народот, да бидам присутен на терен а не во канцеларија, да слушам, а не само да зборувам. Да делувам, не само да ветувам, рече Стефковски.

    Тој потенцира дека во изминатите четири години направивме многу.

    -Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба. Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација. Градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари. Иаградиме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а со забрзана динамика се гради и новата сала во Црешево. Градиме нова училишна сала за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и забораван, рече Стефковски.

    Тој потенцира дека инвестираме и во спортот, животната средина и социјалната заштита, и не ги заборавивме ниту младите, ниту пензионерите.

    -Во 2021 година Гази Баба беше затворена општина во која одлучуваа неколку локални моќници, а денес после четири години општина Гази Баба е прва општина по индексот за транспарентност на меѓународните организации. Но, она што е најважно е довербата што ја изградивме и покажав дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја води општината дадениот звор се исполнува, рече Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.