Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Очекуваме Македонија да биде меѓу првите земји со „роаминг како дома“ во ЕУ

    06.05.2026 во 12:47

    Мицкоски: Со „Intraday Market“ Македонија прави сериозен исчекор кон модерна и стабилна енергетика

    06.05.2026 во 12:44

    Обвинителството поведе постапка против четири малолетнички за насилството во Ѓорче Петров, предложени и мерки на претпазливост

    06.05.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Очекуваме Македонија да биде меѓу првите земји со „роаминг како дома“ во ЕУ
    • Мицкоски: Со „Intraday Market“ Македонија прави сериозен исчекор кон модерна и стабилна енергетика
    • Обвинителството поведе постапка против четири малолетнички за насилството во Ѓорче Петров, предложени и мерки на претпазливост
    • Мицкоски: Оваа година нема избори, редовниот термин е пролет 2028
    • Судење за „Пулс“: Пронајдени ресивери за пиротехника и заклучени врати со катанци
    • ВЛЕН: Партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир
    • Перински потпиша меморандуми за соработка со шест универзитети за поддршка на општините
    • Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за култура: Увидот утврди значителни оштетувања на куќата на Владо Малески

    Министерство за култура: Увидот утврди значителни оштетувања на куќата на Владо Малески

    15.10.2025 во 19:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањата на споменик на културата на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки.

    -Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план 2020–2029. При увидот се констатирани значителни оштетувања– рушење на јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција, настанати при ископ за изградба на соседен објект, информираат од Министерството.

    НУ Завод и музеј – Охрид го достави наодот и предлогот до Управата за заштита на културното наследство – Скопје за натамошно постапување.

    Инспекциската служба при УЗКН ќе постапи согласно своите надлежности, со цел заштита и зачувување на вредностите на овој споменик на културата заштитен со Решение на Управата за заштита на културното наследство од 2017 година..

    Министерството за култура и туризам остро реагира на секое неодговорно и несовесно постапување што доведува до оштетување на заштитени објекти и апелира до сите инвеститори и граѓани да се придржуваат кон законските процедури и кон условите за заштита на културното наследство, кое претставува непроценливо богатство на нашата држава.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Очекуваме Македонија да биде меѓу првите земји со „роаминг како дома“ во ЕУ

    06.05.2026 во 12:47

    Обвинителството поведе постапка против четири малолетнички за насилството во Ѓорче Петров, предложени и мерки на претпазливост

    06.05.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.