Close Menu
    Најново

    Александар Тортевски: Малиот ринг само за ЈСП и жителите, Скопје треба да биде една целина

    12.10.2025 во 17:56

    Се отстрануваат опожарените бараки кај „Партизан“, Герасимовски изврши увид во активностите

    12.10.2025 во 15:52

    Телефонски разговор Зеленски-Трамп

    12.10.2025 во 15:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Александар Тортевски: Малиот ринг само за ЈСП и жителите, Скопје треба да биде една целина
    • Се отстрануваат опожарените бараки кај „Партизан“, Герасимовски изврши увид во активностите
    • Телефонски разговор Зеленски-Трамп
    • Стартува реконструкцијата на спортската сала на УКИМ
    • Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема
    • Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
    • Кривична за три лица за криумчарење луксузни автомобили во државава
    • Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Александар Тортевски: Малиот ринг само за ЈСП и жителите, Скопје треба да биде една целина

    Александар Тортевски: Малиот ринг само за ЈСП и жителите, Скопје треба да биде една целина

    12.10.2025 во 17:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.

    Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт. Петтото интервју е на Александар Тортевски, кандидат за градоначалник на Скопје (Твоја партија)

    ПРЕС24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамварј, автобуски јавен превоз?

    ТОРТЕВСКИ: На Скопје одлично би му дошле сите 3 предложени вида на транспорт меѓутоа за жал Скопје е најсиромашен главен град во Европа и за тоа единственото решение кое е реално да се направи е брзиот автобуски транспорт кој би се реализирал со набавка на нови електрични автобуси кои за почеток би сообраќале на 4 линии. Првата од Ѓорче Петров до зградата на Тифани, втората од Ново Лисиче до Народна банка, третата од Радишани до комплексот банки и четвртата од крајот на Воднањска улица до поранешната зграда на Нова Македонија. Овие линии би биле поврзани со електрични автобуси кои би се движеле кружно во центарот од “Нова Македонија” преку мостот Гоце Делчев, Комлексот банки, Рамстор и автобуската карта би важела 4 часа за сите овие линии.

    ПРЕС24: Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?

    ТОРТЕВСКИ: Првата линија би можела да се реализира во 2027 година а комплетна реализација би се завршила до 2029 година.

    ПРЕС24: Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување, намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?

    ТОРТЕВСКИ: Во однос на булеварите предвидувам на најбрзите сообраќајници претворање на сите пешачки премини во “лежечки полицајци” на начин што секој пешачки ќе биде подигнат што ќе оневозможи поминување со брзина поголема од 30 на час со што ќе ги заштитиме пешаците. На сите булевари и улици каде што ќе поминуваат автобусите на ЈСП крајната лента ќе виде резервирана само за автобусите на ЈСП.

    ПРЕС24: Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја за наплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?

    ТОРТЕВСКИ: Не, во рок од 4 години реонот Мал ринг ќе биде зона во која ќе сообраќаат само возилата на ЈСП и луѓето кои таму живеат.

    ПРЕС24: Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?

    ТОРТЕВСКИ: Да, мојот план е на влезовите во Скопје да се изградат големи паркинзи од кои ќе тргнуваат автобуси на ЈСП а со желба на луѓето кои доаѓаат од внатрешноста да ги остават возилата во Сарај, Трубарево, Петровец и од таму со брзи и квалитетни автобуси да стигнат до центарот.

    ПРЕС24: Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?

    ТОРТЕВСКИ: Градот мора да биде чист и градска чистота мора да се реорганизира со тоа што најголем број вработени мора да го чистат градот и да се знае кој е одговорен за секој кварт. Можеби треба да се размислува и за почеток на пилот проект одредени делови на градот да се доверат на приватни компании да ги чистат и да се види како тоа ќе функционира. Во овој дел планираме да формираме мониторинг центар опремен со дронови кои постојано ќе го набљудуваат градот со што ќе се превенира фрлањето на смет на недозволени места и ќе се санкционира фрлањето на смет и градежен шут на диви депонии. Овој систем ќе овозможи и рано откривање и гасење на пожари кои за жал оваа година беа многу чести.

    ПРЕС24: Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?

    ТОРТЕВСКИ: Јавните претпријатија мора да се реорганизираат но не на начин што ќе општински туку што ќе се организираат на повеќе деловни единици а секоја ќе биде одговорна за одреден дел од градот и на тој начин ќе бидат наградувани или казнувани адвекатно на тоа како ќе ги исполнуваат задачите.

    ПРЕС24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?

    ТОРТЕВСКИ: Развојот на Скопје мора да биде долгорочен проект кој мора да се изработи со соодветен Генерален урбанистички план во чие донесување мора да де вклучат најголемите домашни и одреден број странски стручњаци.

    ПРЕС24: Во кој правец треба да се шири Скопје?

    ТОРТЕВСКИ: Во правец на Скопска Црна Гора.

    ПРЕС24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?

    ТОРТЕВСКИ: Дрисла мора да биде депонија до која ќе управува државата и организирана на ист начин како што тоа го прават Скандинавските држави.

    ПРЕС24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?

    ТОРТЕВСКИ: Потребна е едукација на граѓаните од најмлада возраст, мониторинг и казнување на загадувачите и секако организирано чистење на градот.

    ПРЕС24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централзиација, или поголема децентралзиација?

    ТОРТЕВСКИ: Во Македонија не е довршен процесот на фискална децентрализација и за тоа локалните самоуправи кубурат со средства. Скопје е исклучително сиромашен град и ако го споредиме со нпр. Загреб (кој има 2 милијарди и осумстотини милиони евра буџет), тогаш е јасно дека Скопје нема финансиски средства за елементарните потреби. Споредено со Загреб Скопје би требало да има 900 милиони евра и тој проблем мора да се реши со тоа што локалните самоуправи и Скопје ќе добиваат процент од даноците кои се наплаќаат на нивна територија а комуналиите не смеат да бидат извор на финансирање за тоа што тој приход е мотив и оправдување за огромна урбанизација и уништување на зелените зони на градот. Лично сметам дека Скопје треба да биде една целина без општини за тоа што сегашнава организација претставува дуплирање на администрацијата и преплетување на надлежностите.

    Популарно

    Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

    12.10.2025 во 15:30

    Уапсен крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

    10.10.2025 во 18:14

    УХМР најавува пресврт – од вторник со температури над просекот

    10.10.2025 во 11:48

    Андоновска: Коцевски да кажe дали ја истражиле и каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на Пулс

    12.10.2025 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.