Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Двајца Срби осудени за криумчарење 2.300 штеки цигари – 8.000 казна и протерување од земјата пет години

    Двајца Срби осудени за криумчарење 2.300 штеки цигари – 8.000 казна и протерување од земјата пет години

    10.10.2025 во 12:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република Србија за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1.

    Двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин „Блаце“ влегле во земјава, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока – вкупно 2300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

    Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли.

    Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години.

    Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.