Close Menu
Press24
    Најново

    Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите

    30.10.2026 во 08:16

    Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата

    30.10.2026 во 08:14

    Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје

    30.10.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов инфраструктурен зафат во Гази Баба – Мицкоски ќе го означи почетокот на работите
    • Црногорскиот вицепремиер Ивановиќ во Скопје: Средби со Гаши и Николоски во рамки на посетата
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучување во делови на Скопје
    • На маса 124 амандмани – Продолжува собраниската расправа за буџетот
    • УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: ДУИ доживеа тежок пораз

    ВЛЕН: ДУИ доживеа тежок пораз

    09.10.2025 во 09:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
    Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.

    „Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката.
    ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист.
    Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.

    ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина.
    Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“.

    Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови.

    Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот.
    ВЛЕН јасно стои на ставот дека безбедноста на граѓаните е одговорност на институциите, а не тема за кампања“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.