Close Menu
    Најново

    Уапсена сопругата на Шаини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

    08.10.2025 во 16:01

    Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара

    08.10.2025 во 16:00

    Со остар предмет ѝ се заканувал на мајката и сопругата – Пробиштипјанец кривично ќе се гони

    08.10.2025 во 15:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Уапсена сопругата на Шаини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово
    • Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара
    • Со остар предмет ѝ се заканувал на мајката и сопругата – Пробиштипјанец кривично ќе се гони
    • Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми
    • Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција на МВР и обвинителството
    • Мицкоски: По победата на локалните избори ќе размислуваме за предвремени парламентарни избори, одлуката ќе зависи од интересот на државата
    • Празен бил куферот кој ги евакуираше сите згради околу штабот на ВМРО-ДПМНЕ
    • Герасимовски: Први покренавме иницијатива за воведување општествено корисна работа за сузбивање на вандализмот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Што ги чека патниците од Македонија при влез во ЕУ – од недела стартуваат новите правила

    Што ги чека патниците од Македонија при влез во ЕУ – од недела стартуваат новите правила

    08.10.2025 во 09:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    За патниците од 59 земји, вклучувајќи ја и Македонија, од средината на октомври 2025 година ќе почнат да важат нови правила за влез во поголемиот дел од државите на Европската унија. Долги колони од автомобили и автобуси на граничните премини или редови од патници кои на аеродромите чекаат да им ги проверуваат пасошите и да им стават печат, би можеле да станат уште подолги.

    Доколку сакате да ја посетите некоја од членките на Европската унија, како и Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија – од 12 октомври, покрај пасошот и картата, ќе биде потребно да пополните и документ пред да ги преминете нивните граници, стои на страницата на Европската комисија, „владеење“ на Европската унија. Ова не важи за Република Ирска и Кипар.

    Од октомври следната година треба да почне и вториот европски систем за контрола на влезот – Етиас (Etias), по цена од 20 евра, но засега не е потребна никаква пријава.

    Што треба да направам?

    Кога ќе стигнете на аеродром или граничен премин во Шенген-зоната, ќе пополнувате документ со лични податоци, а граничните полицајци ќе ги скенираат отпечатоците од прсти и ќе направат фотографија. Станува збор за бесплатна пријава која важи за сите кои влегуваат за престој до 90 дена, објаснуваат од ЕУ.

    Новите процедури се наречени Систем за влез и излез (Entry/Exit System, скратено ЕЕС). Овој систем ќе се воведува постепено во наредните шест месеци на надворешните граници на 29 европски држави. Тоа значи дека биометриските податоци на патниците (слика и отпечатоци од прсти) можеби нема веднаш да се земаат на секој граничен премин, ниту пак нивните лични податоци веднаш ќе се внесуваат во системот. До 9 април 2026 година, додека трае воведувањето на ЕЕС системот, пасошите ќе се печатат како и досега.

    Патниците од Велика Британија или земјите од Западен Балкан може да влегуваат во Шенген зоната, да се движат слободно и да останат најмногу три месеци во период од 180 дена без виза, како и досега.

    ЕЕС е автоматизиран информатички систем за евиденција на лични податоци на патници кои немаат пасош од членките на ЕУ, како и од Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија или Норвешка. Сајтот на ЕЕС сè уште не е целосно функционален и до 12 октомври нема да биде возможно внесување на сите податоци.

    Кои податоци се потребни?

    При влез во 29-те европски земји ќе бидат потребни следниве податоци:

    име на патникот;
    тип на пасош;
    биометриски податоци, како отпечатоци од прсти и фотографии на лицето;
    датуми и места на влез и излез;
    дали му е одбиен влез во земјите на Шенген;
    дали е надминат дозволениот престој.
    Кој одбие да ги даде биометриските податоци, ќе му биде забранет влез во европските земји кои ги применуваат новите правила.

    Собраните информации ќе се чуваат во заедничката Служба за споредба на биометриски податоци. Еднош пополнетиот формулар ќе важи три години, а на секој граничен премин службениците ќе ги проверуваат отпечатоците од прсти и фотографијата, но пасошите, без разлика дали се биометриски или не, повеќе нема да се печатат.

    Отпечатоците од прсти на деца помали од 12 години нема да се скенираат.

    По шестмесечниот период на транзиција, процедурата ќе се забрза, а колоните ќе бидат пократки.

    Патниците ќе можат да користат „систем за самопослужување“, доколку е достапен на граничниот премин, и сами да ги внесат личните податоци во системот, ако првпат влегуваат во Шенген. Тие кои веќе патувале ќе можат преку апликација да проверат дали им се податоците веќе во ЕЕС.

    Нов систем на пријавување ќе важи и за возачите на товарни возила и автобуси. Возачите на товарни возила ќе можат да се пријавуваат електронски додека се на територијата на ЕУ. Нивните податоци треба да се внесуваат при излез од земјата на ЕУ, за да се избегнат непотребни задржувања, објави МВР Србија.

    Зошто се воведени новитетите?

    Законот е усвоен во Европскиот парламент уште во 2017 година, но неговата примена неколкупати е одложувана.

    Со новиот начин на собирање податоци, пасошите повеќе нема да се печатат, туку сите податоци ќе бидат во дигитален досие, а проверките на границите ќе бидат побрзи.

    Кога ЕЕС ќе заживее, патниците ќе минуваат помалку време на граница, бидејќи проверките ќе бидат побрзи, велат од Брисел, а податоците ќе може да се доставуваат однапред.

    Новите прописи ќе помогнат во следењето на влезот и излезот од Шенген-зоната.

    Со помош на отпечатоците од прсти и фотографијата ќе се спречи надминување на дозволениот престој, злоупотреба на идентитет или безвизен режим.

    Системот ќе им помогне на граничните службеници преку увид во важни информации да препознаат безбедносни ризици и да ја поддржат борбата против сериозни кривични дела и тероризам.

    Кои податоци се потребни за вториот систем – ЕТИАС?

    Покрај ЕЕС, за следната година е најавено и воведување на Европскиот систем за информирање и авторизација (ETIAS). И неговото воведување неколкупати е одложувано, а според последните соопштенија на ЕУ, треба да се применува од октомври 2026 година.

    Поднесувањето барање за ЕТИАС ќе чини 20 евра, наместо првично најавените седум. Ќе може да се направи преку интернет или мобилна апликација.

    Ќе се внесуваат податоци од биометрискиот пасош, евентуални регистрирани кривични дела, ако ги има, престојот во воени региони, како и информации за образовната подготовка.

    Ова важи, меѓу другите, за државјаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и пасоши од Координациската управа.

    Над 95% од барањата ќе бидат одобрени за неколку минути, додека во некои случаи ќе биде потребно најмногу 72 часа, наведуваат од ЕУ.

    Документот ќе важи три години, во тој период ќе може неограничено да се посетуваат овие 29 држави, а ќе го проверува граничната полиција при секој влез.

    Популарно

    „Јас че ти кажам кога црвено, кога зелено“: Славјанка Петрвоска се збогува со Панчо Минов

    08.10.2025 во 11:42

    МВР поднесе кривична против сопственичките на домовите за стари лица: Им давале храна со изминат рок, ги заклучувале

    08.10.2025 во 09:59

    Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција на МВР и обвинителството

    08.10.2025 во 15:27

    Голем пожар кај спортскиот центар „Јане Сандански“: Изгореа два камиони и автомобил, приведени пироманите

    08.10.2025 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.