79-годишник излетал со автомобил од патот во Македонска Каменица


Вчера во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во с.Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

15.03.2024 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега