Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе има ли мир? Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за договор за Газа

    Ќе има ли мир? Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за договор за Газа

    29.09.2025 во 17:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, а откако најави мировен договор за Појасот Газа и ветувајќи вето на евентуалната израелска анексија на окупираниот Западен Брег.

    -Имаме вистинска шанса да постигнеме нешто големо на Блискиот Исток. Сите се подготвени за нешто посебно. Ќе успееме – напиша Трамп синоќа на неговата платформа Трут соушл.

    Ова ќе биде нивна четврта средба од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари 2025 година. Иако американскиот претседател постојано ја нагласува својата поддршка за Израел, неговите предлози за прекин на војната – започната по нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година – често се разликуваат од ставовите на Нетанјаху.

    Најновиот американски предлог, кој Трамп веќе му го презентирал на Нетанјаху и на група муслимански лидери, предвидува траен прекин на огнот во Газа, ослободување на израелските заложници, повлекување на израелската војска и идно управување на Газа без Хамас. Според британските медиуми, поранешниот премиер Тони Блер би можел да има клучна улога во транзициската власт.

    Прашањето за иднината на Западниот Брег исто така ќе биде тема на разговор.

    -Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег. Тоа нема да се случи – изјави Трамп минатата недела.

    Од друга страна, екстремно десничарските коалициски партнери во израелската влада инсистираат на анексија како одговор на меѓународните признанија за палестинската држава.

    Прочитај повеќе

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.