Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Значително зголемени водостоите на реките – УХМР препорачува претпазливо движење

    Значително зголемени водостоите на реките – УХМР препорачува претпазливо движење

    19.11.2025 во 11:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи денеска информира дека според утринските податоци од хидролошките станици, значително висок водостој е регистриран на реката Вардар во горниот дел од сливот, на сливот на реката Пчиња, и на реките Пена и Лепенец.

    Зголемен водостој забележан е и на реката Вардар во Скопје.

    „Поради можност од натамошно зголемување на водостојот, предупредуваме на внимателно следење на состојбата во овие речни сливови во текот на денешниот ден. Исто така, значително висок е водостојот и на реката Радика, а во пораст се водостоите и на реките Треска, Црна и Сатеска. Воопшто, зголемен е водостојот на сите реки во земјава, особено на тие во западните делови и во текот на денот се очекува натамошно зголемување“, соопштија од УХМР.

    Од таму предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава,  особено покрај Вардар и нејзините притоки во горниот дел од течението, покрај Лепенец и покрај течението на Радика (заедно со притоките), како и сливот на Пчиња поради особено висок водостој во текот на денот.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.