Вчера во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село, информираа од МВР.
При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт.
По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.
- ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
- Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
- Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
- Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
- Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
- УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
- Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
- Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

