Close Menu
Press24
    Најново

    МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома:  Јавна набавка за организација на чартер-летови

    04.03.2026 во 13:12

    Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата

    04.03.2026 во 13:02

    ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб

    04.03.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МНР извојува 60 милиони за да ги врати Македонците дома:  Јавна набавка за организација на чартер-летови
    • Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата
    • ОН згрозени од нападот врз училиште во Иран: Над 160 загинати деца во Минаб
    • Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?
    • Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот
    • Перински и Андонов на терен – Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
    • (ВИДЕО) Стојаноски: Економијата расте шести квартал по ред
    • 30 нови компјутери за училиште во Ѓорче Петров
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија

    Запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија

    07.12.2025 во 12:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Перуанската полициска единица за борба против шверцот со дрога заплени 3,4 тони кокаин што требало да биде скриен меѓу банани наменети за Белгија, соопштија локалните власти.

    – Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу.

    Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y Mantaro на шпански јазик, или Долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро), прецизираше претседателот на Перу, Хосе Хери.

    За време на операцијата, спроведена во средата, полицијата запрела камиони кои превезувале над 3.000 пакети со кокаин до склад за банани за извоз. Тој се наоѓа на околу 100 километри од пристанишниот град Паита, појаснија властите.

    Генералот Нилтон Сантос, началник на полициската единица за борба против наркотиците, рече дека операцијата е спроведена заедно со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА). Тој посочи дека вредноста на запленетиот кокаин надминува 68 милиони долари (58,4 милиони евра).

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.