Заев: Да ги отвориме срцата и да им помогнеме на сите луѓе

Нека е честит и за многу години Бадник, предвесникот на Христовото раѓање, посака премиерот во оставка, Зоран Заев, на Фејсбук.
„Денешниот ден, кој традиционално го прославуваме со семејствата, нека помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.
Семејните вредности, топлината и почитта, нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои во изминатиот период изгубија некој близок, или се соочуваат со други тешкотии.
Да ги отвориме срцата за добрини, разбирање и слога.
Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за раѓањето на Исус Христос.
Честит и вековит Бадник“, напиша Заев.

06.01.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега