Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој
    • ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога
    • Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад
    • Кривична пријава против поранешен директор – Фирма стекнала 3,4 милиони денари
    • Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток
    • Сообраќајка го разбуди Скопје – Се судрија две коли и камион
    • Месечна прогноза: Вистинска есен и малку зима на крајот од октомври
    • ВИДЕО: Крадци со „финта” пробаа да и избегаат на македонската полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За многу години: Денес се празнува Светиот маченик Јаков Персиец

    За многу години: Денес се празнува Светиот маченик Јаков Персиец

    10.12.2025 во 11:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговите надареност и способност и го направи прв благородник на својот дворец.

    Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го, сепак, при крајот на писмото, да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповедаше пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен, царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.