Close Menu
    Најново

    Скопјани пијат безбедна вода: Објавени резултатите од најновите санитарни анализи

    29.12.2025 во 10:43

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Нафтата на прагот на најголемиот годишен пад од 2020 година: Цените се намалени за 20%

    29.12.2025 во 10:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Скопјани пијат безбедна вода: Објавени резултатите од најновите санитарни анализи
    • Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?
    • Нафтата на прагот на најголемиот годишен пад од 2020 година: Цените се намалени за 20%
    • Трамп и Зеленски од Флорида: Постигнат напредок за крај на војната
    • МВР во акција: Над 18.000 казни и 123 приведени за „безобзирно возење“
    • Какво време нè очекува за Нова година – Студен бран ја зафаќа Македонија
    • Трагедија го потресе светот: 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица
    • СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    27.10.2025 во 20:30
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Веќе пет часа во полициската станица Автокоманда трае распитот на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Сабахадин Рустеми и раководителот на истото претпријатие, Аки Саити, објави 4news.mk. Според информациите, тие биле донесени околу 14 часот и можат да бидат задржани до 24 часа, односно до утре до 14 часот.

    Сè уште не е познато дали Обвинителството ќе предложи притвор или ќе одреди други мерки на претпазливост. Исто така, останува неизвесно дали ќе се прошири листата на други лица кои ќе бидат повикани на распит или евентуално приведени.

    Ова се случува по шестдневна истрага во ЈП „Комунална Хигиена“ и Градот Скопје, за време на која од претпријатието била одземена дополнителна документација.

    Инаку, попладнево повторно се огласи на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која објави ироничен статус во кој тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.

    Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.

    „Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.

    Во истата објава, таа ги прозва и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, обвинувајќи ги дека ветувале апсења на функционери од ДУИ, но наместо тоа „ги примаат во коалиција штом преминат во ВЛЕН“.

    Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    29.12.2025 во 09:06

    Македонија мрзне, утрово измерени -8 степени во овој град

    29.12.2025 во 08:59

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Нови цени на горивата од полноќ

    29.12.2025 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.