Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредни мерки во Франција: Се забранува алкохолот поради екстремниот топлотен бран

    Вонредни мерки во Франција: Се забранува алкохолот поради екстремниот топлотен бран

    22.06.2026 во 09:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Франција ја забрани продажбата и консумирањето алкохол на одредени настани во рамките на националниот музички фестивал „Fête de la Musique“, како директен одговор на силниот топлотен бран што ги крева температурите до рекордни нивоа.

    Иако оваа традиционална годишна прослава привлекува милиони луѓе на улиците низ земјата, дури 35 француски региони во моментов се наоѓаат под највисоко предупредување за топлина. Поради тоа, владата воведе рестрикции на јавните места каде што е прогласена црвена тревога.

    Главната цел на ваквата одлука е да се намали потенцијалниот притисок врз итните медицински служби и болниците во земјата.

    „На сите настани организирани од државата и нејзините агенции им е наложено да не служат алкохол“, се вели во официјалното соопштение од канцеларијата на премиерот Себастијан Лекорну.

    Од таму дополнително повикаа на ограничувања на консумирањето алкохол „за да се олесни товарот врз службите за итни случаи и здравствените служби и да се овозможи медицинскиот персонал да се фокусира на грижата за најранливите“.

    Метеоролозите најавуваат дека интензивниот топлотен бран кој беснее низ Европа носи температури кои на многу места се од 10 до 15°C над просекот за овој период од годината. Во Франција се очекува тие да достигнат меѓу 39°C и 40°C во повеќе региони, а во одредени области и до 41°C, со најава за можни историски максимуми во понеделник.

    Екстремните горештини веќе го нарушија секојдневието во државата, предизвикувајќи откажување на десетици возови и затворање на училиштата. Како контрамерка, градските власти во Париз ги држат парковите и градините отворени во текот на целата ноќ за да им помогнат на граѓаните и туристите.

    Фестивалот „Fête de la Musique“ постои повеќе од 40 години и традиционално се слави на денот на летната краткоденица, а само минатата година на настаните во Париз присуствуваа околу два милиони луѓе.

    Прочитај повеќе

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.