Водостојот на Вардар кај Велес зголемен за 50 сантиметри

Во Велес водостојот на реката Вардар поради обилните дождови викендов е зголемен за 50 сантиметри, покажуваат резултатите на Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи во Велес, вчера нивото на Вардар под Стар Мост вчера изнесувал 130 сантиметри, што споредено со саботата кога изнесувало 80 сантиметри е поголемо за 50 сантиметри. Според денешните мерења на УХМР нивото на Вардар во Велес е исто како и вчера.

Од УХМР информираат дека Вардар годинава по својот тек бележи покачување на просечниот водостој за месец декември од 36 сантиметри. Сепак од Управата не очекуваат поголема промена на водостојот во однос на вчерашниот ден.

Воедно информациите на УХМР покажуваат дека нивоата на реките во земјава во најголем дел се движат над просекот за месец декември или во рамки на просекот. Нивото на реката Вардар е повисоко од декемврискиот просек на сите четири мерни места долж неговото течение во земјава.
13.12.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега