Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    Во септември растат пензиите: Колку пари ќе добијат македонските пензионери

    28.08.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По четирите линеарни зголемувања, од септември пензиите повторно ќе се усогласуваат процентуално, според движењето на платите и трошоците на живот. Првичните пресметки покажуваат дека зголемувањето би можело да биде околу три проценти, но конечната стапка допрва треба официјално да биде утврдена.

    Според анализата на „Пари“, доколку усогласувањето биде три проценти, пензија од 20.000 денари би се зголемила за околу 600 денари, пензија од 25.000 за 750, од 30.000 за 900, а пензионер со 50.000 денари би добил околу 1.500 денари повеќе.

    Разликата е најголема кај највисоките пензии. Пензијата од 94.332 денари со трипроцентно усогласување би се зголемила на околу 97.162 денари, односно за 2.830 денари. Според податоците што ги наведува „Пари“, ваква пензија примаат само осуммина пензионери.

    Проценката од околу три проценти произлегува од таканаречената швајцарска формула. При усогласувањето половина од пресметката зависи од растот на просечната плата, а половина од растот на трошоците на живот. За септември се споредуваат првите шест месеци од 2026 со второто полугодие од 2025 година. Според пресметката на „Пари“, растот на платите од околу 4,75 проценти и на трошоците на живот од околу 1,17 проценти даваат усогласување од приближно 2,96 проценти.

    Новото покачување истовремено ќе ја зголеми и сметката на ПИОМ, кој исплаќа пензии на повеќе од 350.000 корисници. Само во првата половина од годинава бројот на пензионери се зголемил за 1.876 лица.

    Финансиската состојба на Фондот останува чувствителна. Во 2024 година од придонеси биле собрани 71,4 милијарди денари, додека расходите за пензии надминале 90,2 милијарди денари. Буџетските трансфери учествувале со 36,71 проценти во вкупните приходи на ПИОМ.

    Од јули годинава е зголемен и делот од придонесите што оди за пензиско осигурување – од 18,8 на 19,9 проценти, додека придонесот за невработеност е намален од 1,2 на 0,1 процент. Вкупната стапка на социјални придонеси останува 28 проценти.

    За пензионерите суштинската промена е што повеќе нема сите да добиваат ист номинален износ. Со процентуалното усогласување сите добиваат ист процент, но во денари повеќе ќе добијат оние со повисоки пензии. Така, доколку конечната стапка биде околу три проценти, септемвриското покачување ќе се движи од околу 600 денари кај пензија од 20.000 денари до повеќе од 2.800 денари кај највисоките пензии.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.