Во Црна Гора откриена најголема плантажа со марихуана

Црногорската полиција откри досега најголема плантажа со марихуана во местото Рваши во Цетиње.

На плантажите имало околу 3.700 стебла. Полицијата го привела М.Г. (34) од Подгорица под сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, држење и пуштање во промет наркотични средства.

Во соопштението се наведува дека со обработка и продажба на оваа дрога, осомничениот ќе заработел повеќемилионска сума, и дека е спречен шверц на марихуана и на територијата на Црна Гора и во земјите од регионот.

При претрес во семејната куќа на М.Г. било пронајдено поголемо количество марихуана подготвена за продажба.

Тоа е трета заплена на марихуана на така наречени плантажи во јули.

21.07.2021 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега