Пожарникарите со полни раце работа: 27 пожари беснееја низ Македонија за 24 часа
Во изминатото деноноќие, на територијата на цела држава се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 26 се успешно изгаснати благодарение на брзата интервенција на надлежните служби, додека еден пожар е сè уште активен.
Единствениот активен пожар се наоѓа во општина Липково, во атарот на селата Лојане и Ваксинце, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
ЦУК известува дека во последните 24 часа успешно се изгаснати следниве 26 пожари:
- Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација)
- Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација)
- Општина Чаир: ул. Ферид Бајрам (ѓубриште)
- Општина Студеничани: с. Љубош (ниска вегетација)
- Општина Гази Баба: с. Смилковци (ниска вегетација)
- Општина Карпош: ул. Влае (ниска вегетација)
- Општина Сарај: езеро Треска (ниска вегетација)
- Општина Арачиново: с. Грушино (ниска вегетација)
- Општина Битола: ул. Херцег Нови бр.14 (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: с. Канатларци – с. Шелеверци (арско ѓубриво)
- Општина Прилеп: м.в. „Маркова Чешма“ (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: ул. Димче Антулески (ѓубриште и ниска вегетација)
- Општина Прилеп: ул. Димче Антулески бр.15 (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: стар млекар (ниска вегетација)
- Општина Демир Хисар: с. Стругово (ѓубриште)
- Општина Дебар: с. Спас (ниска вегетација и стрниште)
- Општина Дебар: с. Кривце (ниска вегетација и стрниште)
- Општина Пехчево: с. Умлена (ниска вегетација)
- Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (ниска вегетација и ѓубре)
- Општина Куманово: Индустриска зона (ниска вегетација)
- Општина Куманово: с. Клешовце – с. Довезенце (ниска вегетација, жито, лозја)
- Општина Велес: с. Оризари и с. Клуковрт (депонија)
- Општина Велес: ул. Вардарска (ѓубриште)
- Општина Желино: Карпалак (ниска вегетација)
- Општина Гостивар: ул. Ивеком (ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод: с. Модришта (ниска вегетација – ѓубриште)
Центарот за управување со кризи продолжува со внимателно следење на состојбите и координација со сите надлежни институции. Од ЦУК апелираат до граѓаните за внимателно и одговорно однесување на отворен простор, со цел да се спречат нови пожари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа