Косово забранува увоз на овци и кози од Македонија
Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Северна Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Северна Македонија. Тоа денеска го соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство (AHV).
Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Северна Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја.
Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. AHV нагласува дека таа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа