Бојковска: СДС не ја научи лекцијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги штити националните интереси на Македонија

 


Во вчерашното гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ24, гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. Таа истакна дека СДС воопшто ја нема научено лекцијата и го немаат слушнато гласот на народот.

„СДС воопшто се нема разбудено од овие неколку години како да не се наоѓа во Република Македонија и за жал по ова кое го слушам во моментов мислам дека не ја научија лекцијата од она што се случи на изборите и мислам дека уште не го слушнаа гласот на народот и по она што го слушам по изјавите значи дека СДС воопшто не се променило и воопшто не планира очигледно да направи некаква консолидација на ставови и слично особено кон македонските национални интереси бидејќи овие ставови кои ги слушам во моментов се истите оние кои беа пред две и пред три години, а денеска можевме посебно во Европскиот Парламент дека сепак она кое го зборуваат нели јазикот, идентитетот беа бетон, видовме дека не се бетон како што велеа тие“, кажа Бојковска.

Бојковска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има добиено легитимитет и мандат од народот да ги штити националните интереси на Македонија.

„Факт е дека денес имаме дискусија во која на некој начин се оспорува македонскиот јазик и идентитет, по одредени активности на бугарските пратеници и бугарската влада. Но, можам да констатирам дека ние добивме легитимитет и мандат од народот да ги штитиме националните интереси на Македонија и нема ништо поинаку да направиме од тоа што сме го добиле мандатот“, вели Бојковска.

Бојковска продолжи и додаде:

 

„СДС не убедуваше дека уставните измени се вистински чекор и дека тоа е тоа и дека ќе влеземе во Европската Унија. По сите овие случувања особено овие два дена јас можам да констатирам и лично да кажам дека сега и пред Европската Унија не само билатерална работа која се случува помеѓу Македонија и Бугарија, туку сега и пред Европската Унија особено пред Европскиот Парламент е очигледно дека не се само уставните барања кои доаѓаат од Бугарија, туку се и македонскиот јазик и идентитет“, заклучи Бојковска.

26.06.2025 - 10:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега