Во болниците низ Македонија хоспиталзиирани се вкупно 353 пациенти со ковид-19 - 6 се на респиратор

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. 

Во болниците низ Македонија вкупно се хоспитализирани 353 пациенти болни или суспектни на ковид-19, а од нив шест се на респиратор. Шест лица коишто се лекуваат на респиратор се во ГОБ „8 Септември“ каде што во последните 24 часа се примени тројца заразени со ковид-19, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, соопштија од Министерството за здравство.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки, позитивни на ковид-19, како и 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега