Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, главно по суви коловози. Сите патни правци низ државата се проодни, информираат од ЈП „Македонијапат“.
На дел од патиштата што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.

