Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски за односите со Вашингтон: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп
    • Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта
    • МВР ги крева дроновите – силна контрола за утрешниот празник
    • Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
    • Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
    • Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови
    • Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
    • Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра

    03.12.2025 во 09:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра  на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра.

    Во 2022 година Компанијата „Тргопродукт’’, која е во сопственост на кланот  Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот „Мамас“.

    Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.

    Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени?

    Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра?

    Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?

    ЈО да отвори постапка и да ги истражи случаите.

    Николовски како и Филипче се дел од корумпирана структура и дел од криминалните шеми на Заев и се додека СДС не се ослободи од овие компромитирани кадри не може да биде конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност во демократските процеси во државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.