Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Во вториот круг СДС ќе доживеат уште поголем пораз

    ВМРО-ДПМНЕ: Во вториот круг СДС ќе доживеат уште поголем пораз

    22.10.2025 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС на локалните избори доживеа фијаско. Крахот на СДС, на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев се должи на ароганцијата и е последица на одлепеност од реалноста и реалните проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Колапсот на СДС е директна последица на структурите и раководството кое е одлепено од реалноста и секојденвието на обичниот човек,  додека народот секојдневно се бори со предизвиците кои тие ги создадоа додека беа на власт и 600.000 граѓани живееа со 150 денари на ден, Венко Филипче и неговиот гуру Заев се луксузираа на скапи јахти, градат хациенди и стекнуваат милионски имот.

    Таквата ароганција ја донесе партијата на историско дно. СДС едвај освои 126.000 гласа на советнички листи што е најслаб резултат до сега. Со само 230 советници заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ 2,5 пати а во споредба со 2021 СДС изгуби над 110.000 гласачи и речиси 170 советнички места.

    Фијаското да е уште поголемо СДС падна на трето, четврто и петто место во некои општини како Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Македонски Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

    СДС доживеа дебакл и во бастионот Струмица и тоа во прв круг. Во вториот круг СДС ќе доживеат уште поголем пораз.

    Овие се најкатастрофалните резултати на СДС, Филипче и раководството, а бројките јасно покажуваат дека Венко Филипче нема кредибилитет да води партија а уште помалку да биде лице на опозицијата. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција а не опозиција која молчи, е компромитирана и безлична.

    СДС треба да се разбуди, да превземе одговорност и да започне сериозни реформи доколку сака повторно да е релевантна политичка сила.

    Резултатите на локалните избори за СДС не се само пораз туку аларм пред политички распад и исчезнување од политичка сцена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.