Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Од вакцини до модуларната болница, мандатот му беше полн скандали”

    ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Од вакцини до модуларната болница, мандатот му беше полн скандали”

    21.07.2026 во 09:00Updated:21.07.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер. Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

    -Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.