ВМРО-ДПМНЕ: СДС 7 години не направи ништо за да го намали загадувањето
СДС продолжува со лаги и манипулации за да го прикрие својот неуспех во последните 7 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС, која имаше целосна власт со убедливо мнозинство цели седум години, не направи ништо за да го подобри животот на граѓаните. Наместо да се фокусираат на решавање на проблемите со загадувањето, инфраструктурата, здравството, образованието, платите и пензиите, тие одбраа да бидат слуги на ДУИ и на Артан Груби, вовлекувајќи ја државата во корупција и институционален колапс.
СДС имаа 7 години власт и убедливо мнозинство да носи закони, амандмани, мерки, не само за загадувањето туку и за подобар живот, стандард, повисоки плати и пензии, подобра инфраструктура, здравство, образование, поквалитетен живот. Но тие одлучија дека треба да се измеќари на ДУИ и на Артан Груби и да се впуштат во лоповлук и да соучествуваат во уништувањето на институциите и банкротот на државата, секако сето ова под знамето на Европскиот фронт.
Денес, со цел да манипулираат, нудат популистички амандмани за кои знаат дека се неизводливи, надевајќи се дека ќе го потценат народот.
Сега лажно нудат амандмани знаејќи дека се неизводливи, повторно обидувајќи се да го потценат народот. СДС не само што не се менува туку тоне во својот карактер исполнет од личности кои се дел од сите лоши работи кои ни се случуваа како држава сите изминати 7 години.
Податоците се фрапантни – изминатите години, под власта на СДС, беа обележани со масовно иселување на Македонците, Албанците и останатите граѓани на државата.
Според последните истражувања тоа биле години со најмногу раселени Македонци во историјата, што значи СДС има направено егзодус на Македонците, но заедно со ДУИ и на Албанците и останатите. Погледнете ги бројките, фрапантни се.
Ова јасно покажува дека СДС не само што не се промени, туку продолжува да тоне во својот карактер исполнет со неспособност, корупција и сервилност кон криминалните кругови.
Оттука, не им порачуваме да се засрамат, знаеме – оперирани се од срам, немаат образ, туку ќе им порачаме: ќе видите на следните избори со вакво однесување што ќе ве снајде од народот. Престанете да го потценувате и престанете да сте слуги на ДУИ и на матните политичко-криминални кругови на вашата партија.
ВМРО-ДПМНЕ има план за долгорочно решение на загадувањето, преку конкретни мерки и капитални проекти. За тоа, за жал, е потребно време, посебно од ситуација каква што е наследената од СДС и ДУИ. Но ние работиме посветено на оваа тема. Загаденоста е клучен и приоритетен проблем на државата и мора да се реши.
ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДС, останува посветена на реални, долгорочни и одржливи решенија за подобар живот на сите граѓани. Продолжуваме да работиме за чист воздух, модерна инфраструктура, квалитетно образование и здравство, и за економски раст кој ќе овозможи достоинствен живот за сите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа