Аца Лукас во Скопје заедно со Мира Шкориќ на спектакуларниот предновогодишен концерт
Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.
Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и неговата специјална гостинка Мира Шкориќ која заедно со него ветуваат мега забава и предновогодишно загревање…
– Со Мира ќе биде лудо. Многу се радувам што доаѓа во Скопје, затоа што ќе биде вистинска забава. Кој ја слушал знае, плус со мене е тоа е веќе нешто за што ќе се зборува. Жал ми е што неможе да ме придружува на секој концерт, ама еве за Скопје ми се посреќи и едвај чекам да дојде 25 декември– изјави Лукас
Тој пред македонската публика со својот оркестар ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кои секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот Покидан а кои се во функција на загревање пред новогодишните празници…
Целиот концерт е замислен како предновогодишна забава, а на располагање се вип карти и билети за следење на спектаклот кои веќе можат да се набават преку https://mktickets.mk/event/aca-lukas-skopje/
Познавајќи го Лукас журката на 25 декември во Борис Трајковски ќе биде загарантирана..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа