Обвинителството изведе 180 докази: Вања и Панче биле усмртени со ист калибар на куршум
Во Основниот кривичен суд денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На рочиштето, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина образложи 180 од вкупно 197 докази пред Судот кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.
Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата, на што обвинетиот Љупчо Палевски приговараше дека не се пронајдени негови отпечатоци од прсти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа