Панче бил застрелан и убиен во исправена полунаведната положба, со главата свиткана надолу

 


Обвинителката Жаклина Трајковска денеска во Основниот кривичен суд во кратка содржина образложи 180 од вкупно 197 докази за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата, на што обвинетиот Љупчо Палевски приговараше дека не се пронајдени негови отпечатоци од прсти. 

Според наодите за Панче Жежовски, тој кога бил застрелан и убиен бил во исправена полунаведната положба, со главата свиткана надолу. 

20.12.2024 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега