ВМРО ДПМНЕ пред Уставен суд ќе го спори мандатот на Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во моментов во партијата размислуваат да поднесат „уставна иницијатива“ до Уставниот суд поради одлуката на претседателот Стево Пендаровски да му го додели мандатот за составување на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство, му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи. Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити Уставот, така што размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата, рече Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа