Четири лица каснати од кучиња скитници
На 11.02.2025 во 10:50 часот во ОВР Гостивар, Д.Х. од Гостивар пријавил дека во населба Питарница, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 во 20:45 часот, В.Ѓ.(56) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 во 10:00 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(56) од Прилеп пријавила дека на ул.„Генерал Васко Карангелески” била касната од куче скитник.
На 11.02.2025 во 09:00 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Г.Б.(61) од Прилеп пријавил дека во с.Воѓани, прилепско, бил каснат од куче скитник.
12.02.2025 - 21:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа