Мисајловски на важни средби во седиштето на НАТО,
Во рамки на посетата на Брисел денеска и утре, министерот за одбрана Владо Мисајловски, ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО.
-Во седиштето на НАТО, заедно со колегите-министри за одбрана, имавме состанокот на Контакт-групата за Украина, која за прв пат е предводена од Обединетото Кралство. Фокус на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО е зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата, целите на способности и инвестициите во одбраната како и засилувањето на одбранбената индустрија, посочи Мисајловски.
12.02.2025 - 18:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа