Се запали зграда во Аеродром - еден повреден

 

Денеска (12.02.2025) во 01:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а М.С. се здобил со повреда додека се симнувал по скалите од зградата и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на помош.

Извршен бил увид.

12.02.2025 - 20:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега