ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за амнестија на лицата осудени во случајот ,,27 април"

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конфереција објави дека 44 пратеници се потпишале на предлог-законот за амнестија кој дојде на иницијатива на адвокатите Јанаки Митровски, Драган Пешевски и Петар Тимовски.

Побара поддршка од пратениците за неселективно амнестирање на сите осудени во случајот ,,27 април".

Нападот во Собранието се случи на 27 април 2017 година,  додека актуелното владејачко мнозинство го избра Талат Џафери за нов претседател на Собранието.

03.02.2023 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега