Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Сонце по утринскиот студ
    • Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, а СДС освои само 230 советника

    ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, а СДС освои само 230 советника

    21.10.2025 во 09:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците  од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33.

    На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во “пензија”.

    ВМРО-ДПМНЕ овие избори доби околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови. Споредбено со 2021 година и локалните избори, очигледен е растот на гласовите.

    ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини:

    1.Берово,

    2.Битола,

    3.Босилово,

    4.Бутел,

    5.Василево,

    6.Вевчани,

    7. Велес,

    8.Гази Баба,

    9.Гевгелија,

    10.Ѓорче Петров,

    11.Градско,

    12.Делчево,

    13.Демир Хисар,

    14.Зелениково,

    15.Илинден,

    16.Јегуновце,

    17.Кавадарци,

    18.Карбинци,

    19.Кисела Вода,

    20.Кратово,

    21.Новаци,

    22.Ново Село,

    23.Охрид,

    24.Петровец,

    25.Пехчево,

    26.Прилеп,

    27.Радовиш,

    28.Ресен,

    29.Свети Николе,

    30.Сопиште,

    31.Старо Нагоричане,

    32.Струмица и

    33.Штип,

    Додека пак водиме во:

    1.Валандово

    2.Дојран

    3.Конче

    4.Демир Капија

    5.Неготино

    6.Виница

    7.Зрновци

    8.Македонска Каменица

    9.Кочани

    10.Чешиново-Облешево

    11.Пробиштип

    12.Ранковце

    13.Карпош

    14.Аеродром

    15.Брвеница

    16.Македонски Брод

    17.Кичево

    18.Дебрца

    19.Могила

    20.И градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.

    Со одвоени 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.

    Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред.

    Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува  чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено, често и принципиелно да работи во интерес на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра

    07.10.2026 во 11:34

    Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании

    07.10.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.