ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка

 

Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашко Митовски не штедеше зборови и секојдневно изминатата недела ширеше паника меѓу жителите, за да дојде до ситни политички поени во пресрет на локалните избори.

Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна.

Со оглед на тоа дека Митовски е јавна личност, а одредена група на граѓани која му ја дала добербата, сега беа изневерени.

Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.

Го повикуваме ЈО да поднесе кривична пријава кон Сашко Митовски за ширење паника, со цел собирање политички поени, стои во соопштението на владејачката.

06.04.2025 - 10:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега