Таткото на Фросина: Ангелот наш не гледа од далеку и благо се потсмевнува
Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, објави потресен статус за својата ќерка, откако Институтот Изет Цури организираше тридневен евент "НОММАGE A' FROSINA KULAKOVA".
- За Фросинче - Ангелот наш... Не гледа од далеку таа и благо ни се потсмевнува... Со вас сум, секогаш ке бидам. Вечноста нема меѓи...Благодариме од се' срце... До сите...
Фросина Кулакова, 22-годишната млада дизајнерка од Неготино, е девојката која беше прегазена на булеварот „Партизанска“, кај Силбо, на крајот на јануари годинава. Ја удри автомобил управуван од 20-годишно момче, Васил Јованов, кој возел со поголема брзина од дозволената, а од здобиените повреди веднаш почина.
Јавноста се сеќава на неа и кога пред 12 години, како десетгодишно девојче, се појави во видеозаписот за песната ,,Божиќ за секој од нас”, заедно со нејзината сестра Росица која, пак, со Димитар ја претставуваше Македонија на детскиот „Евросонг“ во 2007 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа