Има тешки повреди на главата: 5-годишно дете итно пренесено на клиника
Попладнево во Велес од возило тешко било повредено пет годишно дете.
Според информациите, инцидентот се случил кај Младински парк.
Како што информираат од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
На детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.
Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“.
30.04.2025 - 21:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа