Таткото на Вања има збор пред Судот - Што ќе каже за грабнувањето на ќерката?
Во Кривичниот Суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои ја потресоа македонската јавност.
На денешното рочиште треба да сведочи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на кого му се суди за помагање во грабнувањето на неговата ќерка, која беше свирепо убиена на 27 ноември 2023 година.
Расправата ќе продолжи со прашања од Судот, а потоа со сведочење на обвинетиот Александар Ѓорчевски, по кој е предвидено да сведочи и Љупчо Палевски.
До сега искази во судницата дадоа обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев, според кои Љупчо Палевски Палчо ги убил и Вања и Панче. Тие раскажаа грозоморни детали од убиствата и планот.
На минатото рочиште обвинетиот Влатко Кешишев беше детално испрашуван од обвинетиот Љупчо Палевски, кој постави над 90 прашања. Испитувањето опфати прашања за закани, уцени, како и хронолошка усогласеност со видео-снимките презентирани од Обвинителството.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа